Неспособноста на СДСМ во управувањето со ЕЛЕМ ја чини државата и до 250 милиони евра годишно, a тоа ќе го платат граѓаните со повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во 2019 година ЕЛЕМ произведувале 4,25 терават часови, а во 2021 година произвеле само 3,17 терават часови. 1 терават часови се 1 милион мегават часови. Доколку се помножи 1 милион мегават часови по цена од 250 евра, бројка околу која се движи цената на струјата на берза, се доаѓа до сума од 250 милиони евра годишно, пари кои се потрошени за увоз и покривање на струјата која ЕЛЕМ можеле да ја произведат, но заради неспособноста на СДСМ не ја произвеле.
Тие 250 милиони евра, кои се за покривање на слабото производство на ЕЛЕМ, можеле да не се одделат од државата, доколку правилни се менаџира РЕК Битола, хидроакумулациите, ТЕЦ Неготино.
Но СДСМ наместо да работи, тие РЕК Битола во ек на грејна сезона ја оставија без јаглен, па тргнаа во бркање на скап увоз на јаглен. Долг период РЕК Битола работеше на минимум затоа што воопшто немаа енергенс. А хидроакумулациите ги испразнија во лето. Сите овие пропусти доведоа да се фрлаат тешки милиони за увоз, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Тие 250 милиони евра кои се одлеаја од државата за купување на скапа струја со која се покрива само разликата која ЕЛЕМ ја произведувал, а сега не може да ја произведе, што е исклучува вина на СДСМ сега сакаат да ги фрлат на граѓаните.
Наместо да удира по граѓаните, врвот на власта треба да одговори зошто има намалено производство и зошто со наши пари се купува скапа струја во ек на криза, за што се одлеваат девизи.
Со СДСМ во енергетиката не очекуваат само поскапи сметки и енергетска неизвесност. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“.