Ниту едно алиби соопштение на СДСМ нема да го покријат или оправдаат капитулантското дело на Зоран Заев изразено преку штетниот договор со Грција, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ единствено одговара пред граѓаните на Република Македонија и се води согласно нивните интереси. СДСМ и Зоран Заев треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде изговор за втурнувањето на државата во ќорсокакот во кој сега се наоѓаме како земја и за економската и општествена катастрофа во која се наоѓаме. Совршено јасно е дека Зоран Заев не може да донесе европска иднина на државата, затоа што европска иднина нема со криминал корупција наместени тендери, политички процеси. Нема иднина со корупција констатирана од ЕУ и мултиплицирана сиромаштија. Единствено што направи оваа клептоманска владејачка структура е осиромашување на државата и народот, и поигрување со достоинството и честа на граѓаните. СДСМ да не го одвлекува вниманието од вистинските афери за кој единствената одговорност има токму Зоран Заев и неговата влада, потенцираат од партијата.