Новата година започна со нов удар по џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Зоран Заев им наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард.
-Годинава ќе плаќаат повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси, се наведува во соопштението.
СДСМ, истакнуваат од партијата, удира и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. СДСМ сака да одземе дек и од малите довивки кои овие луѓе ги прават среќни.
-Заев ја третира буџетската сметка како своја лична банкарска сметка која ја користи за спроведување на свои лични хирови и исплата на партиските потрчковци. Парите од зголемените даноци, парите на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните прептријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, повисоки за 8 илјади денари, пари со кои голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец. Помина уште една година, завиена во црнила. Година во која криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев на граѓаните им донесе неуспеси и порази на секое поле. Граѓаните се осиромашени и понижени, животот дојде единствено за државните и партиските фунцкионери на СДСМ кој се богатат на грбот на граѓаните. Партиските потрчковци ги полнат своите џебови благодарение на црните и кримални, тендери и грантови, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се наведува дека наместо живот, власта донесе црнила.
-Наместо проспиретет, уназадување и неработење. После две години власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето, проблем кој одзема илјадници животи годишно. Зората е пред нас, а таа ќе ги истера црните облаци кои надвиснаа над Македонија, дента кога Заев седна во премиерската фотелја. Зората е олицетворена во духот на народот, граѓаните кои се спремен да се спротивстават на неправдите кои ги донесе СДСМ. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, ќе го поразат Заев на следните избори и ќе го испратат политичката историја, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.