вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан

Од денес поскапи горивата, а Бислимоски на Јадран на ручек во луксузен ресторан, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од ноќеска на полноќ горивата со одлука на РКЕ, каде Бислимоски е претседател поскапеа за 1.5 денари. Цената на дизелот во малопродажба е 87.5 денари, а на бензинот 85.5 денари. Цените на горивата сега се и над 70% поскапи од пред една ипол година. Високата цена на горивата не се должи само на растот на цената на светските берзи, туку и на акцизата која владата на СДСМ и ДУИ ја зголеми за 13.13 денари од 2017 до денес, велат од опозицијата.

Од таму додаваат дека да не беше зголемувањето на акцизата од СДСМ и ДУИ, денес дизелот ќе се продаваше по максимум 74.5 денари, а бензинот по 72.5 денари. Но СДСМ и ДУИ решија да ја зголемат акцизата за да има повеќе за матни тендери и трошење на функционерите.

-И додека народот плаќа поскапо, власта се луксузира, како Бислимоски на Јадранот, стои во партиското соопштение.

Најнови вести