четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Од историски највисокиот буџет во Македонија, СДСМ со трошки за помош на граѓаните за справување со корона кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Од историски највисокиот буџет во Македонија, СДСМ со трошки за помош на граѓаните за справување со корона кризата

Наместо конкретни мерки за помош во борбата со корона кризата, СДСМ и владата со новиот ребаланс одвојуваат само трошки за граѓаните. Мерките не се доволни и задоцнети. Крајно време е Социјалдемократскиот сојуз озбилно да ја сфати економската криза во која се наоѓа државата, а и граѓаните, ова преку реакција до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради пандемијата околу 50 илјади луѓе во државата останаа без своите работни места, а владата со ребалансот на буџетот испроектира помош за антикризните мерки од само 8,2 проценти од вкупните расходи. СДСМ и владата ја задолжија Македонија со 2 милијарди евра, а од тие пари граѓаните не видоа ништо како помош. Дупката во буџетот е околу 960 милиони евра, што е историски најголема во независна Македонија – дупка која што повторно ќе ја плаќаат граѓаните. Буџетскиот дефицит оваа година е 8,4 проценти од бруто домашниот производ, а јавниот долг е 59.3 проценти, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека владата на СДСМ креира нов долг кој што ќе го плаќаат граѓаните, а со тие пари нема награда за здравствените работници, нема пари за подобрување на условите во образованието во услови на корона криза, нема пари за наставниот кадар, нема пари за бесплатен интернет, нема пари за помошта при невработеност, како и пари за други таргетирани субвенции.

Најнови вести