Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во овој момент го оддржува својот прв митинг на престојните локални избори.
Тие традиционално од Охрид ја започнуваат трката за градоначалници. Во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги престави своите кандидати за градоначалници во општините каде имаат свој кандидат.
Првиот митинг ВМРО-ДПМНЕ го оддржува на Античкиот театар, каде според фотографиите може да се забележи дека е исполнет до последното место.