Горан Сугарески денес во Куманово ги продолжи проектите на ВМРО-ДПМНЕ, презентирајќи ги како свои. Сугарески 8 месеци не отпочна ниту еден нов инфраструктурен проект, туку ја запре реализацијата и на тековните проекти почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата.
-Средствата за патните правци Ранковце – Крива Паланка, изградбата на трета лента од Крива Паланка до Деве Баир, реконструкцијата на регионалните патишта од Куманово до Свети Николе, од Куманово до Опае и Никуштак и останати помали патни правци, кои ги презентираше Сугарески се обезбедени од ВМРО-ДПМНЕ. Средствата за водоводот се истот така обезбедени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, а таквите средства беа искористени од повеќето градоначалници во минатото. Додека општина Куманово не достави проекти за да ги искористи истите, иако повеќе пати. Секој еден инфраструктурен проект кој е или ќе биде започнат е за доброто на граѓаните, но до сега од владата и министерот Сугарески слушаме само празни ветувања и изјави, но не и работа, заложба и резултати на терен, стои во партиското соопштение.
Од партијата велат дека наместо отпочнување на нови, СДСМ ја одложува реализацијата на проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Повеќе месеци заради банални изговори се кочи пуштањето во употреба на автопатот Демир-Капија – Смоквица. Без основа повеќе месеци беше запрена изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Ветуваа живот. Донесоа застој. Државата е закочена и не се реализира ниту еден нов проект, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.