недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Наместо правда и слобода донесоа рекет, тортура и омаловажување

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Наместо правда и слобода донесоа рекет, тортура и омаловажување

Координаторот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип Иван Јорданов на својот Фејсбук профил сподели статус, поттикнат од моменталната состојба во државата и немањето став на локалните функционери од партијата на власт.

-НЕПРАВДА!!!
Наместо правда и слобода донесоа рекет, тортура и омаловажување. Голем броj локални функционери и високи партиски претставници од власта беа учесници во т.н „Шарена револуција“. Истите тие говореа дека ќе ја вратат правдата и ќе стават крај на криминалот во земјата, притоа воздигнувајќи го СЈО до ниво на совршенство. Денес, состојбата е сосема поинаква. СЈО наместо орган кој треба да носи правда се претовори во главен орган за неправда.Овој орган е упориште на висока корупција, рекет и алатка за пресметување со политичките неистомисленици.Меѓутоа, еден друг момент е доста значаен во целата оваа ситуација. Истите оние локални лидери и високи партиски функционери на СДС, кои порано гласно зборуваа за СЈО, денес мудро молчат,а прашањето е ЗОШТО? Зошто не излезат и јавно не го осудат криминалот кој се случува во овој орган? Зошто не излезат од удобните фотелји и повторно да ги фарбат институциите и улиците? Господо од власта, престанете да ја навредувате колективната интелегенција на овој народ и не заборавајте, се ближи денот кога ќе бидете казнети за оваа неправда, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести