понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Градот неконтролирано се загадува, а градоначалникот Коцевски не мрднува со прст

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Градот неконтролирано се загадува, а градоначалникот Коцевски не мрднува со прст

Почитувани сограѓани, веќе подолг период сме сведоци на едно огромно и неконтролирано загадување на воздухот во Велес. Екстремното загадување се должи директно на неколку поголеми извори за кои подолго време се дискутира, но никој не превзема никакви мерки за спречување на истото, ова денеска го истакна Славица Трајкова, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

-Имено, зад мене се наоѓа фабриката за производство на вар Техно Павер, која меѓудругото има добиено А интегрирана еколошка дозвола, но ништо од тоа нема на виделина. Граѓаните на населба Превалец и населба Тунел, секојдневно се сведоци на огромните облаци од прашина, кои наликуваат на есенски магли, и не дозволуваат нормално функционирање на граѓаните од овој дел од градот. Исто така, сведоци сме на двонеделна неподнослива вечерна миризба од фабриката за масло Благој Ѓорев или попозната како Маслодајна, за која зборуваат во континуитет граѓаните од целиот град. Како членови на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се како граѓани на општина Велес, имаме чувство дека воопшто ништо не е превземено за решавање на проблемите, па затоа изразуваме сомнеж во начинот на добивање на дозволата на фабриката во Превалец, вели Трајкова.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес изразуваат сомнеж во ангажирањето на градоначалникот Коцевски и инспекторот за животна средина Шуркова Манаскова околу решавањето на проблемите,

-и најмногу сме изненадени од индолентноста на претседателот на Советот на општината Ненад Коциќ, кој во годините наназад ревносно се бореше за решавање на еколошките проблеми, но сега воопшто не се ангажира и ја префрлаат вината во недоглед еден на друг, а сето тоа оди за жал на сметка на граѓаните и нивното здравје. Почитувани властодршци, дали ова загадување можеше да биде запрено доколку бевте поагилни и заинтересирани за проблемите на граѓаните? Дополнително сакаме одговор и на прашањата:

-Кога ќе се постави т.е поправи мерната станица за мерење на квалитетот на воздухот во општината?

-Дали овие скоро две години на некој од општинското раководство му одговара оваа мерна станица да не биде во функција и дали кријат нешто од граѓаните на општина Велес во однос на загадувањето?

-Дали ќе има соодветни поднесоци против сопствениците на фабриките кои со несовесното работење директно влијаат на загрозување на здравјето на граѓаните?, прашува Трајкова.

Најнови вести