понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи

ВМРО-ДПМНЕ: Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи

Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Согласно уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик. Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик. Јазикот кој го говорат 20% од населението во Република Македонија е службен јазик во државата, но не и во меѓународните односи, велат од партијата.

„Уставот е дециден. Јасна е дистинкцијата која ја прави уставот, а тоа е дека единствен официјален јазик во меѓународните односи е македонскиот јазик.

Уставот е највисок правен акт во државата и тој може директно да се применува.

Османи треба да се извини и да си поднесе оставка“ – се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести