сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за измени во Законот за здравствена заштита: Три години чекавме да се исполни ветувањето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за измени во Законот за здравствена заштита: Три години чекавме да се исполни ветувањето на СДСМ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дел од други пратенички групи денес поднесе Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, обелодени Горан Манојлоски, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Го поднесуваме овој закон поради тригодишното чекање да се исполни ветување на СДСМ за носење на комплетно нов Закон за здравствена заштита. Како пратеници сметаме дека е несериозно министерот Венко Филипче да си поигрува со докторската фела во период кога имаме масовно иселување на доктори од државата. Трендот  на миграција на лекарите во нашата држава со години  е присутен  и има одлив на високо квалитетен медицински кадар. Единствен начин за да се задржат и мотивираат квалитетни лекари во земјава е да се создадат поповолни услови за работа на докторите, а со тоа и подобри здравствени услуги за пациентите, што е и целта на овој закон, истакна тој.

Манојлоски посочи дека со законот се предвидува дополнителна дејност за секој лекар специјалист и субспецијалист во секоја регистрирана здравствена установа, согласно законските прописи за дополнителна дејност, а со цел подобра, поблиска, квалитетна и навремена здравствена услуга за сите граѓани без разлика на нивното место на живеење.

-Со Предлог законот на пациентите им се овозможува избор на доктор кој ќе ја изврши здравствената услуга  по точно утврдени цени од здравствена установа со која здравствениот работник склучил договор за вршење на дополнителна дејност, со цел да им се овозможи на пациентите кои живеат во други општини да можат да ги користат услугите во општините во кои живеат или во места кои се во помала оддалеченост од нивното место на живеење од досегашните уредени во постојниот закон, истакна Манојлоски.

Најнови вести