четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Политичар кој се срами од сопствениот народ не смее да има никаква функција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичар кој се срами од сопствениот народ не смее да има никаква функција

Политичар кој се срами од сопствениот народ не смее да има никаква функција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

-Политичар кој го нарече својот народ искомплексиран, нема никакво право да биде министер за надворешни работи. Никола Димитров треба да си поднесе итна и неотповиклива оставка.        Никола Димитров нема легитимитет да ја претставува државата во странство. Никола Димитров работи на штета на државниот и националните интереси. Доколку СДСМ смета дека Никола Димитров ужива поддршка кај граѓаните, нека распише веднаш предвремени парламентарни избори и нека излезе со ветување дека истиот ќе биде министер за надворешни работи и тогаш ќе го добие одговорот од граѓаните дали тие се согласуваат со дораспродавање на она што останало. Нека излезе СДСМ предвремени парламентарни избори со Никола Димитров и нека бара поддршка за промената на името која ја направија. Граѓаните не ги поддржуваат недржавните политики на Димитров и СДСМ, а тоа СДСМ ќе го види на предвремените парламентарни избори, доколку има храброст да ги распише, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести