вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: После вакво бегство на убијци на деца, министер за внатрешни си дава оставка

ВМРО-ДПМНЕ: После вакво бегство на убијци на деца, министер за внатрешни си дава оставка

Оливер Спасовски повторно покажа колку е неспособен, му избега обвинет за свирепо убиство од судница полна со полиција и никој не го спречил. Оливер Спасовски или свесно дозволил еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ да избега од судница, или е целосно неспособен да организира безбедно судење, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оливер Спасовски да каже дали е во договор со Исмаиловиќ со што ќе се потврди поврзаноста на Спасовски со криминалните структури, или да признае дека е неспособен, со што ќе се констатира неговата неспособност. И во едниот и во другиот случај Спасовски треба да понесе одговорност. После вакво бегство на убијци на деца министер за внатрешни си дава оставка, велат од партијата.

– Не може обвинети за тешки кривични дела да бегаат од државата, а МВР на чие чело е веќе 5 години да спие.
И сето ова се случува додека во затвор скапуваат недолжни граѓани, а криминалците се шетаат на слобода. Ваквиот однос на Спасовски ги разнишува безбедносните темели на државата, но и довербата во правната држава и целиот систем, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести