СДСМ молчат за предлог Декларацијата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со која се афирмира заложбата за заштита на ликот и делото на македонскиот револуцинер Гоце Делчев, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту експертите, ниту пошироката јавност не гледа ништо спорно во тоа да се констатира огромното, недвосмислено и широко прифатено значење на ликот и делото на Гоце Делчев во остварувањето на целите на народна епопеја за слобода и независност. Дополнително во година кога се прославува јубилеј 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, нема ништо спорно во тоа да има институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев.
Очекуваме како што се сплотува јавноста околу една ваква Декларација, така да има сплотеност ид од страна на политичките субјекти на власт. Молкот на СДСМ само може да ги зголеми сомнежите дека власта на СДСМ подготвува пазар со националните интереси особено во делот на историското значење на гоце Делчев во македонската револуционерна борба, се вели во соопштението на партијата.