ВМРО-ДПМНЕ предлага пакет предлози до власта на СДСМ и ДУИ со цел да се изнајде решение за кризите во кои се наоѓа Македонија. Тоа содржи формирање на четири тима од експерти во делот на економијата, надворешната политика, здравство и образование кои треба да помогнат про боно за изнаоѓање на решенија за проблемите кои ги тиштат граѓаните, проблеми кои во голема мера се предизвикани од неодговорните и непромислените политики на оваа власт или од нивната неспособност и аматеризам. Оттука произлегува и потребата за утврдување на датум за што поскоро предвремени избори како излез од низата кризи во кои западна Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуват дека доколку Ковачевски не е тој кој што носи вакви одлуки во СДСМ и му е незгодно да понесе одговорност, тогаш тие се подготвени да разговараат со оние кои ги креираат политиките во СДСМ било тоа да е Заев или Шекеринска.
– СДСМ треба да се издигне над ситуацијата и да ги стави интересите на граѓаните во овие тешки времиња, над тесно партиските и лични интереси на раководството кое по секоја цена сака да се задржи во своите фотелји, се додава во партиското соопштение.