петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ предупредува: Неутврдената цена на пченицата ќе причини проблеми кај земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ предупредува: Неутврдената цена на пченицата ќе причини проблеми кај земјоделците

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев си поигра со земјоделците. Цветан Трипуновски денеска на прес конференција кажа дека нема ниту интервенција, ниту отворени се нови пазари, а поради тоа земјоделските култури наместо на пазар се фрлаат на буниште.

Тој вели дека во пресрет на овогодинешната жетва предупредуваат за се уште нерешениот проблем со неутврдената цена за откуп на пченицата.

-Нерешавањето на овој проблем во услови на секојдневни дождови ќе го уништат и упропасти и она што остана на полето. СДСМ не знае да работи. СДСМ е вистинска непогода за земјоделието. СДСМ мора да си замине. Земјоделците заслужуваат подобро. Земјоделците заслужуваат достоинствени цени и сигурен пласман. СДСМ не смее да си поигрува со земјоделците и нивните семејства. Оваа власт мора да си замине, за Македонија да продолжи напред, изјави Трипуновски.

Најнови вести