среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ презентираше нови методи за функционален здравствен систем

ВМРО-ДПМНЕ презентираше нови методи за функционален здравствен систем

Денес во Штип се одржа Втората академија за здравство кон која се приклучија голем број здравствени работници од Штип и регионот и претставници на невладиниот сектор како и стручни медицински здруженија, препознавајќи ја иницијативата за важноста од воведување новитети, нови протоколи, нови методи и интервенции во нашиот здравствен систем.

На јавниот повик изразија интерес за учество врвни доктори, експерти-специјалисти од повеќе области кои имаат значаен придонес и експертиза во здравствениот систем и денес имаа можност да дадат свои видувања, коментари и препораки.

Академијата е во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

-Најгорлив проблем е неизградбата и недовршувањето на Клиничката болница Штип што е сериозен предизвик во однос на здравствената инфраструктура што придонесува за катастрофалната состојба во здравството за која сведочат нашите граѓани. Ваквите настани, како денешната Академија се можност да се предложат и согледаат мерки за подобрување на состојбата во здравството, не само во Штип туку и во цела Македонија, кажа Јорданов, градоначалник на Штип.

Претседателот на Комисијата за здравство, доц.д-р Игор Николов и проф.д-р Синиша Стојановски ја истакнаа важноста на новите процедури и интервенции кои првпат се воведуваат во здравствениот систем со акцент на дигестивна хирургија, трауматологија, онкологија, ендокринологија како и новини во медицинските протоколи. Посебен фокус во стручниот дел на Академијата беше ставен на најсовремената терапија која не е на позитивна листа како и осврт на модели за финансирање за персонализирана терапија.

-Чест е да се организира една ваква академија на која денес во Штип ни се приклучија голем број здравствени работници, претставници од невладиниот сектор и стручни здруженија. Упатуваме јавен апел до сите заинтересирани дека се добродојдени да учествуваат со свои размислувања, предлози и сугестии или со предавања да учествуваат на оваа академија која преминува во традиција и за која веќе отпочнуваме со подготовки за организација и на Трета академија за здравство. Денешната академија ја организираме во рамки на одбележувањето 33 години од формирањето на партијата како и значењто кое што го посветуваме на подобрувањето на здравствениот систем во нашата земја особено горливите проблеми на подобра достапност на современи лекови и протоколи на лекување, како и воведување на нови методи и особено соработка на академските институции како што се Медицинските факултети во Штип и во Скопје – кажа д-р Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека во следниот период предложените мерки и заклучоци ќе бидат преточени во конкретни политики за здравствениот систем кои се однесуваат на целиот здравствениот систем, со посебен фокус на пациентите.

Модератор на Втората академија беше проф.Синиша Стојановски, кој истакна дека целта е зајакнување на јавното здравство, а воедно и на целокупниот здравствен систем.

– Станува збор за научен собир на кој покрај тоа што се потенцираат проблемите во здравството ќе бидат истакнати и новитетите во здравството или она што го нуди современата медицина. Градот Штип и локалната самоуправа ги имаат сите предиспозиции да биде регионален центар и има основа тука во Штип да се доврши Клиничката болница, тоа ќе биде основа за спроведување на политиката за регионализација и рамномерен регионален развој во здравството, истакна проф. Синиша Стојановски.

Еден од главните приоритети е да ги задржиме и мотивираме експертите кои ги имаат совладано новите методи и процедури да останат во државава.

Целиот прилог погледнете го на ТВ СТАР

Најнови вести