четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Промените кои носат иднина продолжуваат преку реализација на нови проекти и решавање на проблемите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Промените кои носат иднина продолжуваат преку реализација на нови проекти и решавање на проблемите на граѓаните

За разлика од градоначалниците на СДСМ и ДУИ кои ништо не направија во своите општини, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отчетно презентираа 1090 проекти реализирани за првите сто дена. Во Василево се реализира проширување на мрежата на атмосферската канализација  во с. Василево, Добрашинци доби две новоасфалтирани улици а нов асфалт во должина од 250 метри е поставен и на пристапниот пат што води до населеното место Нова Маала, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Босилово реализирано е асфалтирање  на улица во населено место Дрвош, улица  со потпорен ѕид, во населено место Моноспитово, изградба на бунар со пумпна станица, за водоснабдување на населено место Дрвош; изградба на пропуст во Иловица и чистење на одводен канал во Босилово. Во Ново Село се изврши санација на речното корито на реката Песен, асфалтирана е улица Првомајска во Ново Село во должина од 300 метри и дел од улица Огражденска во Ново Село. Во Радовиш се изгради мини брана и акумулирање на вода за наводнување и сточарство во с. Злеово и се набави проектна документација за поставување на фотоволтаични панели. Дополнително се асфалтирани улици и патишта, но и водоводи и канализации, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека во Конче отпочната  е доградба на систем за фекална канализација во должина од 3,5 км, а завршена е реконструкција на дел од колектор на фекална канализација во село Долни Липовиќ.

-Исто така во завршна фаза е проектот за реконструкција на локален пат село Д. Липовиќ – село Г. Липовиќ во должина од 3,6 км. Во Гевгелија извршена е целосна замена на старите светилки со штедливи лед сијалици, асфалтирана е сервисната улица од локалитет Милци до клучката на граничниот премин Богородица, завршена е  реконструкција на улицата Методија Антонов Ченто  во Мрзенци,  а во тек е изградба на улица Александар Бел. Ова е разликата во пристапот и одговорноста која ја покажуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во споредба со СДСМ и ДУИ. Промените кои носат иднина продолжуваат преку реализација на нови проекти и решавање на проблемите на граѓаните, велат од партијата.

 

Најнови вести