недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ сама со поголем рејтинг од седум партии во Владата заедно

ВМРО-ДПМНЕ сама со поголем рејтинг од седум партии во Владата заедно

Двојна предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, водечката партија од владината коалиција, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.

На прашањето „Доколку утре се одржат избори дали ќе излезете да гласате“, 56,6% од испитаниците одговориле „да“.

Од определените граѓани 18,6 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 9,4 отсто за СДСМ.

Но, ако се анализираат потемелно бројките од анкетата ќе се види дека сама ВМРО-ДПМНЕ има поголема доверба меѓу народот од сите 7 партии во владината коалиција кои имаат некаква доверба меѓу граѓаните, анализира порталот Експрес.

Наспроти 18,6 доверба која ја ужива ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски сама рејтингот на сите партии во владата СДСМ, ДУИ, Алтернатива, ЛДП, ДПА, ДОМ, ДПТ е 18,4.

Ова е прв пат во историјата една опозициска партија да има поголем рејтинг од 7 партии во владата а притоа во владата има и три партии на Албанците.

Најнови вести