Само Костадин Костадинов може да излезе и да бара брзи избори во ден кога имаме 3 нови мртви од коронавирус, се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:
СДСМ некрофилска и Зоран Заев се во борба за спас на власта и по цена на човечки животи.
Република Македонија е единствена држава од регионот каде немаме намалување на бројот на случаи од коронавирус, иако државите од опкружувањето веќе и по 10 дена немаат ниту еден нов случај.
Денеска во Република Македонија имаме 3 ново починати од коронавирус, а Зоран Заев при полна свесност бара избори. Тоа е организирано убиство од политички побуди.
Зоран Заев и СДСМ свесно го ставаат животот на граѓаните во опасност, единствено за да ја задржат власта.
Со СДСМ имаме само деструкција и загуби. Потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.