СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра. Заклучно со 30.09.2022 година јавниот долг е 7.64 милијарди евра. Ова е историски највисок долг, а притоа нема инвестиции, нема проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-И додека расте долгот, расте и инфлацијата. Македонија ја има највисоката стапка на инфлација во регионот и Европа. Со инфлација од 20% се анулира секаков раст плати, а народот осиромашува.
Со СДС секој негативен показател во економијата расте. Се зголемува и трговскиот дефицит.
Економијата со СДС е се поранлива и по зависна.
Наместо да го креираат најголемиот буџет во историјата и да трошат пари на се и сешто, СДС да ги применат и инкорпорираат мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, а ќе значат помош за стопанството и граѓаните, додаваат од партијата.