среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДС клеветничка, докажана и осудена дека ширеше лажни вести за претседателот Мицкоски во случајот со Пречистителната станица во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: СДС клеветничка, докажана и осудена дека ширеше лажни вести за претседателот Мицкоски во случајот со Пречистителната станица во Скопје

СДС клеветничка, докажана и осудена дека ширеше лажни вести за претседателот Мицкоски во случајот со Пречистителната станица во Скопје, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и нивните апологети половина година шират лажни вести, и го клеветеа претседателот Мицкоски во врска со проектот за пречистителна станица во Скопје. СДС лажеа и фингираа. Дури и судот под контрола на власта не може да ги игнорира ноторните факти и мораше да пресуди на страна на правдата која е повеќе од очигледна. СДС преку партиски соопштенија половина година ги труеше граѓаните со лаги. Сите манипулации излегоа на виделина, никој повеќе не верува во СДС, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести