петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фали со тоа од кое други би се срамеле- имаме најмал економски раст и највисока инфлација во споредба со останатите земји

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фали со тоа од кое други би се срамеле- имаме најмал економски раст и највисока инфлација во споредба со останатите земји

СДС во очај се радува на резултати од кои други би се срамеле. Економскиот раст кој се прогнозира за Македонија е најмал во регионот. Не само што нема да се остварат прогнозите на Ковачевски за раст на БДП од 5 до 6% годишно, туку неколку години наназад, а и годинава, имаме најслаб раст од сите околни земји. Тоа само говори колку лоши економски политики води оваа власт на ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително оваа власт е директно одговорна за тоа што инфлацијата во Македонија е една од највисоките во Европа. Самиот Битиќи призна дека поскапувањето на храната во Европа е само 11%, а кај нас истите производи се поскапени за 46%. Тоа значи дека кај нас граѓаните 4 пати побрзо осиромашуваат и економскиот стандард на секое семејство 4 пати побрзо опаѓа.

Наместо тоа власта да го спречи, таа ги покачува даночните стапки со цел на грбот на народот да го полни буџетот и да ги покрива дупките кои настанаа поради катастрофалната економска активност.

Оваа власт на ДУИ и СДС е се само не е одговорна влада. Затоа колку побрзо заминат, толку подобро за Македонија, македонската економија и македонските граѓани“ – порачуваат од партијата.

Најнови вести