понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотреби институциите за лично богатење, а граѓаните поради тоа плаќаат поскапа струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотреби институциите за лично богатење, а граѓаните поради тоа плаќаат поскапа струја

СДСМ се „шампиони“ во енергетиката но само во негативна смисла на зборот. Функционерите од СДСМ преку државни позиции од голтари станаа милионери, буџетот беше злоупотребен за лично богатење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ги злоупотреби институциите за лично богатење. А, на сметка на тоа граѓаните плаќаат се поскапа струја. Зоран Заев додека беше на власт, и сега Димитар Ковачевски систематски ги уништуваат домашните капацитети за производство на струја. Хидроакумулациите ги пресушија, а РЕК го оставија без јаглен. За сега во сред енергетска криза Македонија да треба да ги покрива и до 50% од своите потреби на струја од увоз. И откако СДСМ енергетски ја опустоши Македонија, Заев, преку неговиот син Душко Заев, отвора фирма за трговија со струја, истакнуваат од партијата.

„Заеви сега ќе печалат на грбот на народот, сите ќе плаќаат поскапа струја за менторот на Ковачевски Заев да ниже профити.

За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДСМ и ДУИ ќе мора да понесат одговорност“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести