Во Македонија не се живее подобро. Владата залудно потроши 10 месеци од животот на сите граѓани. Нема нови проекти, не се реализираат ветувања, не се работи апсолутно ништо. Имаме уназадување на стандардите во секое поле. Стануваме држава каде сиромаштијатa расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ и Зоран Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење. Најпрво го узурпираа Собранието, ги прекршија сите можни процедури во Собранието и на сила го донесоа неуставниот закон за јазици. Неуставниот закон за јазици го подели општеството и наместо интеграција донесе дезинтеграција, стои во соопштението на партијата и се додава:
„Во Република Македонија владее хаос. Нема поголеми плати, пензии, нема поголем стандард за граѓаните. Младите се иселуваат, а ветувањата за подобар живот останаа мртво слово на хартија. Македонија е киднапирана и срушена држава. Ги киднапираат и узурпираат институциите, законите, Уставот, а главната одлика им е рушењето. Киднапираните институции служат само како политички инструменти за пресметка со неистомислениците. Затоа актери, режисери, архитекти, пратеници и останати се жртви на монтирани обвиненија за тероризам и без никаква основа се држат во притвор. На Зоран Заев му треба дефокусирање од катастрофалните антидржавни политики и сеење на страв и замолкнување на сите што мислат поинаку“.
Граѓаните на Република Македонија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, заслужуваат подобро.
-Заслужуваат одговорна власт која ќе се грижи за нив и нивните интереси. Оваа власт мора што поскоро да си замине и да дојде нова сила и нова надеж за Република Македонија.