Република Македонија иднина со аболицирани политичари нема. Власта на СДСМ е преполна со криминал и хедонизам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Така СДСМ Македонија нема да ја однесе во ЕУ и НАТО. Зоран Заев донесе само штетен договор за Македонија каде без тронка срам ги распродаде националните и државните интереси. Република Македонија СДСМ ја остави без минато и историја, стои во реакцијата и се додава:
„Власта на Заев ја осиромаши државата и се поигра со честа на граѓаните. Со Заев и СДСМ нема иднина за Република Македонија. Заев и СДСМ мора да си заминат, единствено така Македонија ќе победи“.