СДСМ откако дојде на власт го заборави ветувањето „Зелена нафта“. Поминаа две години реализација на оваа мерка се уште нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-„Зелена нафта“ стана историски проект, секогаш се ветува, а никако да започне. Со ова само се докажува недостатокот на капацитет за истата мерка. Ветениот „живот“ за земјоделците откако СДСМ е на власт почувствуваа само беда и лажни ветувања. Нивната работа беше ниско вреднувана, откупните цени беа и се уште се ниски и немаат пласман за своите производи. Заради лошата откупна политика во изминатата година имаме најниски цени на земјоделските производи дури одредени производи пропаднаа на нивите, стои во реакцијата на партијата и се додава:
„СДСМ земјоделството го доведе во катастрофална состојба. На земјоделците им се потребни средства кои ќе ги имаат на располагање во секое време и мерки за помош и развој на земјоделството. Време е оваа временска непогода за земјоделството наречена Влада на СДСМ да си замине, за да се спаси она малку што остана од македонското земјоделство“.