четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потроши половина од нивниот мандат на жалби и поплаки

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потроши половина од нивниот мандат на жалби и поплаки

СДСМ потроши половина од нивниот мандат на жалби и поплаки. Две години власт владата ништо не работи. Наместо да возиме по нов автопат, ние слушаме невистини од вицепремиерот Кочо Анѓушев како се било закочено, а тој успеал да откочи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри нови магистрални патишта и 1100 километри локални патишта, помина половина мандат,  а ништо од тоа не е ни почнато да се прави, напротив дури и проектите кои се веќе  почнати и во напредна фаза на реализација поради неспособност не можат да ги завршат. Проектите за автопатот Кичево – Охрид, кој од владата на ВМРО-ДПМНЕ беше оставен во напредна фаза на реализација се правени од реномирани проектанти, а ревидирани од професори од Градежниот факултет. Доколку имало недостатоци во проектите, тие биле должни да констатираат и да укажат, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ не успеа да направи ниту километар од овој автопат, напротив губи време на измислување проблеми каде што ги нема.

-Цените и во основниот договор, не се произволни туку се утврдени по правилата на ФИДИК, на кои се повикува и Анѓушев, кога е преговаран договорот според правилата на ФИДИК произлегле тие цени, со оглед на тоа што параметрите се менуваат се добиваат нови. ФИДИК правилата и Законот за облигационите односи предвидуваат дека цените се променлива категорија, во зависност од берзанските цени и аналогно на тоа може да бидат повисоки или пониски. Додека соседните држави денес во Бугарија се  на конференција за поврзување, безбедност и стабилност, на која присуствуваат првите луѓе на Бугарија, Грција, Србија, Романија, а на која ќе се дискутира и за инфраструктурано поврзување, Заев и картелот околу него се занимава со промена на името, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести