четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ стана синоним за криминал, корупција, закани кон опозиција, закани кон новинари и секој што размислува различно од нив

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ стана синоним за криминал, корупција, закани кон опозиција, закани кон новинари и секој што размислува различно од нив

Од ден на ден растат криминалните скандали во Владата на Зоран Заев, ова денеска преку реакција во врска со соопштението на СДСМ го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ стана синоним за криминал,корупција, закани кон опозиција, закани кон новинари и секој што размислува различно од нив. СДСМ криминална  залудно се обидува да одбрани нешто што не може да се одбрани, Драги Рашковски е фатен во скандал тежок 7 милиони евра и за тоа мора да одговора. Рашковски мора да си поднесе веднаш неотповиклива оставка, а доколку Македонија беше правна држава во која владее правото до сега Рашковски ќе беше изнесен пред органите на правдата и ќе одговараше. Во Македонија ќе се врати правдата. Законите мора да важат подеднакво за сите. Секој што сега се огрешил пред правдата еден ден ќе мора да одговара, стои во нивната реакција.

Најнови вести