вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ се откажува од државното финансирање, но СДСМ не се откажува од платите на функционерите од власта

ВМРО-ДПМНЕ се откажува од државното финансирање, но СДСМ не се откажува од платите на функционерите од власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информираше уште пред една недела дека ќе го поддржи предлогот на министерката за правда Рената Дескоска партиите да се откажат годинава од парите за финансирање на политичките партии, но за возврат побара таа и министрите, замениците и државните секретари до крајот на мандатот да работат про боно, односно без никаков надомест.

-Намерата на министерката Дескоска не е да заштеди пари во буџетот. ВМРО-ДПМНЕ и претходните и овие избори ќе ги дочека како единствена партија во Европа со незаконски замрзнат имот и без исплатени пари за функционирање. И се снаоѓаме на начин на кој се снаоѓаме. Намерата на Дескоска е поинаква. Јас ќе ја поддржам, но  ја мотивирам нејзе и нејзиниот зет за сестра кои имаат енормно високи примања, како и останатите министри во владата, додека им трае мандатот да работат про боно. Да се откажат од привилегиите, високите плати, хонорари, од луксузот. Ајде да ја видиме Дескоска и останатите министри и функционери од СДСМ да се стават во интерес на државата. Ја повикувам да се охрабри. Министрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржат. Сите министри заменици, државни секретари, именувани функционери да работат про боно, рече Мицкоски.

На на функционерите на СДСМ изгледа ептен им се слатки парите, па ниту еден од нив не кажа јавно дека се откажува од примањата. А, како што веќе граѓаните знаат, станува збор за навистина големи плати, пари кои во овој момент на голема криза, можат да помогнат таму каде што е најпотребно.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача: Се додека ова не е се случи, излегува на површина лицемерието на Дескоска, Спасовски и цела дружина на Заев, на виделина излегува целата неспособност на Владата на Заев.

Открија и колку изнесуваат платите на дел од функционерите на СДСМ:

-На истата владина седница на која ќе се расправа за доброволно откажување од платата на Рената Дескоска од 70.000 денари, на братучедот на Дескоска, Николче Тасевски да кој ќе се откаже од платата од 188.000  денари, на Оливер Спасовски од 90.000 денари, на Радмила Шекеринска од 80.000 денари повикуваме да се расправа и за законот за финансирање на политички партии. Да не се заборави и на Дамјан Манчевски кој ќе ја докаже хуманоста кој ќе се откаже од платата од 70.000 денари, Мила Цароска од платата од 74.000 денари и Роберт Поповски од платата од 72.000 денари како и Никола Димитров од платата од 72.000 денари, открија тие.

 

Најнови вести