недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Широка национална влада без ДУИ е можна само со некриминализираниот дел од останатите партии на власт

ВМРО-ДПМНЕ: Широка национална влада без ДУИ е можна само со некриминализираниот дел од останатите партии на власт

По вчерашната лидерска средба на јавноста и стана јасно дека и покрај сите шпекулации изминатиот период СДСМ нема мнозинство за уставни измени иако го започна процесот. На Македонија и е неопходна декриминализација на државата, владеење на правото, вистинска борба против корупција и криминалот, и интеграција во ЕУ.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ остана на својот став дека уставни измени под вакви околности и диктати нема да има и понуди концепт на влада без ДУИ.

-ВМРО-ДПМНЕ понуди победничка опција и Македонија во ЕУ и зачуван идентитет, на Ковачевски поважно му е ДУИ да не биде опозиција, отколку Македонија да оди напред, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ за широка влада без ДУИ е доказ дека националните интереси, идентитетот и интеграцијата на Македонија во Европската Унија се многу поважни од личните и партиски интереси на СДСМ и ДУИ. Таквата влада без ДУИ би била и гаранција за заштита од крадење на изборниот процес и контрола на процесот. Но широка национална влада без ДУИ е можна само со некриминализираниот дел од останатите партии од власта.

На Македонија и е неопходна декриминализација на државата владеење на правото, вистинска борба против корупцијата и криминалот и токму затоа неопходни се политички актери на политичката сцена кои се чисти и немаат багаж позади себе. Токму затоа широка национална влада без ДУИ е можна само со некриминализираниот дел од останатите партии од власт. Тоа не би значело откажување на одреден период од власта туку и владеење на правото и декриминализација и јакнење на институциите на системот и зголемена доверба во самите институции, велат од опозициската партија.

„Овој интерес за влада без ДУИ е добар, бидејќи по изборите ние ќе бараме начин и ќе направиме се да се направи влада без ДУИ. Системот на ДУИ не е добар за државата. Концептот на влада без ДУИ подразбира да не бидат присутни ниту на едно ниво во власта. Тие произведуваат корупција и криминал. Тие се инфицирани со вакво однесување. Затоа сметаме дека добро е што деДУИзацијата станува тема во јавноста. Зголемуваат корупција, намалуваат доверба во системот, и поттикнуваат иселување на граѓаните. Затоа нашата порака е или целта е да понудиме политички концепт за формирање на извршна власт без ДУИ што значи истата ќе биде поефикасна на сите полиња. Доколку Бујар Османи смета дека може да се откаже од неколку министри на одреден период не е тоа замислата“, рече Антонио Милошоски.

Најнови вести