Што уште треба Денко Малески да направи за Стево Пендаровски да се огради од него? -прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Три факти кои се важни: Во jуни 2019та година Стево Пендаровски изјави Гоце Делчев се декларирал за Бугарин. Во април 2020 година советникот на Стево Пендаровски Денко Малевски за Гоце Делчев вели “тој се определил како „Б’лгарин“. Стево Пендаровски за Денко Малески денес вели “ова не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески”. Значи Пендаровски мисли исто како и Малески. Прашуваме што точно треба уште Денко Малески да каже за да се откаже и огради Стево Пендаровски и Владата на Заев и Спасовски. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува ваквите антидржавни изјави и го осудува молкот од релевантните политички субјекти, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.