СДСМ е свесна дека нема услови за избори, Филипче бара да се продолжи вонредна состојба, сакаат на избори само за да го намалат поразот, па дури и на штета на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Факти кои го одбележаа денот:
1. СДСМ е свесна дека нема услови за избори, Филипче бара да се продолжи вонредна состојба, сакаат на избори само за да го намалат поразот, па дури и на штета на граѓаните.
2. Ден Дончев спротивно на закон земал пари од консултатски услуги додека бил директор на ФЗОМ.
3. Ребалансот на буџетот е доказ дека власта водеше лоши економски политики.
4. Петре Шилегов со парите на скопјани со над половина милион евра го плати најскапиот тревник во светот.