недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска во Лозово

ВМРО-ДПМНЕ со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска во Лозово

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Лозово продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Претседателот Христијан Мицкоски ќе го посети населеното место Ѓуземелци, при што ќе изврши увид на градежни активности на канализациона мрежа со пречистителна станица.

Како што информираат од партијата, Мицкоски ќе присуствува во населеното место Каратманово, и ќе изврши увид во градежни активности на улици и водоводна мрежа.

Планирана е посета на ООУ „Методи Митевски-Брицо” и увид на реновираните делови со најсовремена училишна опрема.

Посетата на општина Лозово, Мицкоски ќе ја заокружи со средба со земјоделците во село Дорфулија.

Најнови вести