петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со новото задолжување од 900 милиони евра, власта на СДСМ и ДУИ ја турка Македонија во должничко ропство

ВМРО-ДПМНЕ: Со новото задолжување од 900 милиони евра, власта на СДСМ и ДУИ ја турка Македонија во должничко ропство

Владата на СДСМ и ДУИ ја турка Македонија во должничко ропство. Тие за 5 години ја задолжија државата речиси колку сите влади претходно. Долгот кога дојдоа на власт изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега веќе надмина 7 милијарди евра. Згора на тоа сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра, што е најголемо задолжување кое Македонија го направила и со тоа долгот ќе дојде до 65% од БДП, односно ќе се доближи до фантастични 8 милијарди евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ваквото ново задолжување од 900 милиони евра не е за развој , туку за одржување на буџетската ликвидност.

– Со други зборови, заради дупката во буџетот, Македонија ќе ја задолжат со 900 милиони евра за преживување. Ете до каде не донесе оваа неспособна, неодговорна и криминална власт на СДСМ и ДУИ. Тие се задолжуваат, трошат на кафиња, мебел, службени возила, цвеќиња, фстаци, а народот после сето тоа ќе го враќа, се вели во партиското соопштение.

Најнови вести