четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра

Економијата не генерира раст. Со Заев и СДСМ трошиме кредити со високи камати. Власта поради својата неспособност да менаџира со економијата предизвика буџетска дупка која до крајот на годината ќе биде и до 1 милијарда евра, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра од БДП.

-Македонија се движи кон амбис, поради Зоран Заев и неговите непромислени политики. СДСМ не прави ништо за економијата да генерира раст. Наместо на развој на економија СДСМ се насочи на криминал, корупција и рекет. Со СДСМ Македонија нема развој. Тоа се гледа и од нивото на реализирани капитални инвестиции, кои се движат околу 60%, од првично планираното, скоро секоја година во изминативе 3 години. Со СДСМ Македонија тоне, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести