Спасовски и Маричиќ признаа дека немаат НАТО безбедносни сертификати и тоа го криеле од јавноста, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Спасовски е министер за внатрешни работи, и самиот факт што нема НАТО безбедносен сертификат е опасност и за Македонија и за Алијансата.
Што е тоа што спречува Спасовски да има сертификат? Дали големиот број криминални афери и корупциски скандали се причина за недовербата на НАТО?
Маричиќ како министер за правда, и доаѓа во допир со безбедносно сензитивна материја исто така нема сертификат.
Како ако Спасовски и Маричиќ не ги исполнуваат критериумите на НАТО, ги исполнуваат на Македонија?
Спасовски и Маричиќ се опасност по државата. И треба да си поднесат оставки.
Владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат, и зошто?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.