недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам, Фрчкоски неприфатлив за амбасадор во САД, ама бил прифатлив за ОН

ВМРО-ДПМНЕ: Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам, Фрчкоски неприфатлив за амбасадор во САД, ама бил прифатлив за ОН

Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД, и доби црвено светло од Вашингтон. Заев наместо да ја сфати пораката го предлага за амбасадор во ОН. Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам. Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев предлага човек за амбасадор во ОН кој има сомнително криминално минато. Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во 90-тите. Љубомир Фрчкоски е докажан женомрзец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и малтретирал. Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус, истакнуваат од партијата.

„Фрчкоски е човек кој што со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да слон во продавница за порцелан“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести