вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Стефан Богоев ветуваше чист Карпош, а сега гледаме како од една од најурбаните општини во Скопје се претвора депонија

ВМРО-ДПМНЕ: Стефан Богоев ветуваше чист Карпош, а сега гледаме како од една од најурбаните општини во Скопје се претвора депонија

Стефан Богоев цели шест месеци е градоначалник, а нема направено ниту еден проект.  Ветуваше чист Карпош, а сега гледаме како од една од најурбаните општини во Скопје,  се претвора депонија, ова преку соопштение го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо големиот парк кој го ветуваше Богоев, граѓаните на Карпош добија еколошка бомба и потенцијален извор на разни зарази и болести. Граѓаните на  Карпош се шокирани од неажурноста на Богоев кој остава купишта смет на зелените површини во општината. Наместо да се градат нови паркови и зелени површини како што се ветуваше пред изборите, во Карпош единствено се зголемува просторот со диви депонии. Лицемерно е од партијата која на граѓаните им ветуваше чист воздух и животна средина, сега да не преземаат ништо и да дозволуваат да се создаваат депонии на секој чекор. Ветуваа проекти на граѓаните за кои ниту се способни, ниту имаат намера да ги реализираат. Недозволиво е најголемиот проект во оваа урбана општина да биде создавање на диви депонии. Шест месеци Карпошани се сводоци на неработа  и неспособност каква што немаат видено до сега. Граѓаните на Карпош заслужуваат подобро, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести