среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Тешко на држава во која Стојанчe керамида брани, а Филипче лечи, и денес енормно висока броја заразени

ВМРО-ДПМНЕ: Тешко на држава во која Стојанчe керамида брани, а Филипче лечи, и денес енормно висока броја заразени

Тешко на држава во која Стојанчe керамида брани, а Филипче лечи, велат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Секоја минута по еден човек во Македонија заболува од КОВИД. Секој час во изминатово деноноќие по еден човек го загубил својот живот. На секој час некое семејство во државава останало без свој близок заради неспособноста на Филипче. И додека бројките се поразителни, Филипче вели дека се е под контрола. Филипче до каде сме со оставката кога на секоја минута имаш по еден заболен?! Бројките покажуваат дека Филипче нема ниту план, ниту стратегија, а државата е оставена сама на себе, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче требаше да си даде оставка уште вчера, но и денес не е доцна, граѓаните очекувааг одговорност!

Најнови вести