По повеќе од една година корона пандемија граѓаните не можат да најдат термин за тестирање. Термин за тестирање нема ни за лек, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека и додека министерот Филипче велеше дека ќе има околу две илјади заболени лица, излезе само починати да има повеќе од дупло од бројката која тој ја прогнозираше за заболени.
-Во меѓувреме, додека сите вакцинираат од декември и има земји во кои околу половина од населението има примено барем една доза од вакцината против корона, во Македонија е вакацинирано помалку од еден процент од населението. И, пак, за тестирањето. Нема реагенси, нема тестови… Која е целта на Филипче да каже дека ситуацијата е под контрола штелувајќи ги бројките на новозаболени или можеби математиката од набавка на реагенсите не му излегува, нема провизии. По сето ова, крајно време е Филипче да си даде оставка! Филипче и ќе одговара за сите злодела кои им ги нанесе на граѓаните, се наведува во соопштението.