петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски потврди дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ биле добри

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски потврди дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ биле добри

Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, ова денеска преку реакциај го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тевдовски и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за над половина милијарди евра. Тевдовски и Заев не направија ништо. Нивото на капитални инвестиции во 2018 година беше на најниско историско ниво, истото е случај и оваа година. Имено во првиот месец од годинава реализирани се само 1% од годишно предвидените. Финансиската политика е очајна, тоа го знаат и Тевдовски и Заев, а го знаат и граѓаните. 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија. Граѓаните се се посиромашни. СДСМ и Зоран Заев мора да си одат. Победата на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори, стои во писмената реакција на партијата.

Најнови вести