четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Тутунарите ги живеат најтешките денови, олигархот Заев печали на нивната мака преку увезениот тутун

ВМРО-ДПМНЕ: Тутунарите ги живеат најтешките денови, олигархот Заев печали на нивната мака преку увезениот тутун

Зоран Заев и СДСМ ги уништија македонските тутунари. Заев два месеци ги лаже тутунарите, а состојбата со откуп на тутунот е повеќе од загрижувачка. Тутунарите ги живеат најтешките денови, додека олигархот Заев печали на нивната мака преку увезениот тутун, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Заев и СДСМ свесно ја загрозуваат животната егзистенција на над десет илјади тутунари.

-Цената за откуп на тутун никогаш не била пониска од сега. Еден килограм тутун чини колку една кутија цигари. На тутунарите не им е исплатен ниту трудот, ниту маката. Жално и срамно е Заев да си поигрува со над десет илјади тутунопроизводители. Апелираме Заев не си поигрува со тутунопроизводителите и да не ги лаже. Доколку Заев и СДСМ сакаат да им помогнат на тутунарите веднаш да ги прифатат барањата на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е:

– Зголемување на субвенцијата за тутун за 100%, односно од сегашните 60, 70 и 80 денари за килограм откупен тутун субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва класа, со што ќе се надомести разликата во цената.
– Државата, да интервенира со обезбедување на дополнителни финансиски средства за откуп на произведената количина тутун, останат без Договори и да ги насочи кон Тутунскиот Комбинат-Прилеп, кој ќе биде задолжен да го реализира откупот на недоговореното производство на ориентален тутун, до последен лист.

– Во итна постапка да се врати старото законско решение, односно да се забрани увоз на тутун за домашните преработувачки капацитети, со единствена цел да се преработува ориентален тутун од домашно производство.
-Ревидирање на мострите на ориентален тутун, во соработка со овластени и стручни претставници на тутунопроизводителите, откупувачите и МЗШВ, со што би се олеснила линијата на проверка на квалитетот на произведениот тутун и би се зголемила висината на просечната откупна цена.
-Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места за да го контролираат процесот и текот на откупот, заедно со поверениците кои се поставени во заштита на интересите на тутунопроизводителите, се наведува во соопштението на партијата.

Заев ги извиси македонските тутунари и за тоа многу брзо ќе одговара бидејќи тутунарите не смеат да бидат оставени на цедило.

Најнови вести