Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат. Додека во земјава народот се вори за живот тие немаат право да си ги покачат парите. Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека на земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО.
-Дополнително Уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Гласањето на додаток на плата е незаконски. Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, се друго е кршење на законите. Дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?! Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите, стои во соопштението на партијата.