среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да прифати општ раст на платите, потребен е раст и во образованието и во здравството

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да прифати општ раст на платите, потребен е раст и во образованието и во здравството

Владата да прифати општ раст на платите, потребен е раст и во образованието и во здравството, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес имаме ситуација асистент на факултет да работи за 23.000 денари плати, тој треба да е магистер и запишан докторанд. Наставниците во основните и средните школи работат за исти плати. Владата треба да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да изврши усогласување со Колективниот договор со што наставниците ќе добијат плати и до 45 илјади денари. Раст на платите е потребен и во здравството. Поради ниските плати се повеќе млади лекари си заминуваат од државата. Покачување на платите е потребно и заради се поголемите трошоци за живот. Цените на основните продукти како леб, брашно, млеко, зејтин, гориво и слично се покачени и над 70%, а во исто време нема раст на платите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата да преземе реални мерки кои ќе го подобрат стандардот на народот, а не квази мерки кои немаат долгорочен ефект, додаваат од таму.

Најнови вести