понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги штити криминалците, а врши политички реваншизам врз лица кои ја бранеа Македонија од штетните политики на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги штити криминалците, а врши политички реваншизам врз лица кои ја бранеа Македонија од штетните политики на Заев

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека демократијата, слободата и владеењето на право во Република Македонија повеќе ги нема.

-Невини луѓе политички се обвинети за измислен тероризам и неоправдано се држат во притвор, додека вистински криминалци и шверцери се пуштаат на слобода. Ова е сликата откако дојде СДСМ и Заев на власт. Дурловски, Јовановски, Божиновска, Илиевски, Дамовски, шесте пратеници и останатите притворени не се терористи. Тие никогаш ниту сториле ниту пак имале намера да сторат нешто против сопствената земја. СДСМ ја претвори државата во хаос. Владата на СДСМ ги штити криминалците, а на сметка на тоа врши политички реваншизам врз лицата кои храбро застанаа во одбрана на Македонија и кои храбро се спротивставија на штетните политики спроведени од Зоран Заев, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека институциите наместо да работат во интерес на граѓаните и државата, тие се ставени во функција на една партија.

-СДСМ врши невиден терор до сега врз судството. Судиите се ставени во функција на партијата, наместо во интерес на законите, Уставот, демократијата и правната држава. Народниот правобранител реагираше на полициската бруталност и непочитувањето на законите при притворање на пратениците. Еврокомесарот за човекови права упати јасна порака до институциите и порача препораките од Народниот правобранител внимателно да се слушаат. Но Основното јавно обвинителство се уште молчи. Притворените се соочени со кршење на нивните права во сите фази од процесот. Притворот се користи како казна и тортура, наместо како мерка претпазливост или мерка за обезбедување на присуство. ОЈО продолжува со молчење, се наведува во соопштението.

Бруталноста, тортурата, насилството, замолкнувањето, заплашувањето, кршењето на правата мора да запре, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека демократијата, правната држава и владеењето на правото мора да се вратат во Македонија.

-Судот треба да биде гарант на законитоста во постапките и е должен за се издигне над притисокот од СДСМ.  Законите морат да важат подеднакво за сите, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести