Власта две недели крие од граѓаните дека има детектирано антракс во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев, под чиј диктат е МЗШВ и АХВ неодговорно се однесуваат со здравјето на граѓаните.
Зошто две недели се молчи? Преземени ли се сите неопходни мерки за заштита на луѓето? Дали е пуштено во промет месо од животни заболени од антракс? Власта мора да одговори. Граѓаните заслужуваат одговори.
Наместо на скапи ручеци и на менување закони по диктат на Заев, Димковски и неговиот кабинет да се насочат кон граѓаните.
Неминовниот пораз кој ги очекува на претстојниот предвремени парламентарни избори не е оправдување да не работат ништо во меѓувреме, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ