Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од 1 септември повторно нема да има учебници за сите ученици. Власта на ДУИ и СДС е неспремна да организира образовен процес. За што се издвојуваат милиони евра од буџетот за учебници, кога учениците ги добиваат на средина на учебната година? Заради неспособноста на власта од буџетот се издвојуваат неколкукратно пари еднаш за скрипти или скенирани учебници, втор пат за печатење. Власта е неспособна да го менаџира образованието, од ден во ден се повеќе тоне. Потребни се промени. Потребни се избори, велат од партијата.