вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта предводена од Заев земјоделието го доведе пред колапс

ВМРО-ДПМНЕ: Власта предводена од Заев земјоделието го доведе пред колапс

Власта предводена од Зоран Заев земјоделието го доведе пред колапс, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Николовски се што ветија на земјоделците ништо не остварија. Напротив, земјоделците добија пониски откупни цени, а субвенциите кои им следуваат се драстично намалени. А, што е уште пострашно, не ја добија и долго најавуваната зелена нафта. Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега ништо од тоа да нема, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека  земјоделието со владата предводена од СДСМ  е на  колена.

-Можеби Николовски и Заев имаат розеви наочари и не ја гледаат реалноста, но земјоделците не  носат розеви наочари и за нив асоцијација за владеење на СДСМ е еднакво на временска непогода, бидејќи тогаш ништо не добиваат туку само губат.  Земјоделието со владата предводена од СДСМ  е на  колена. Земјоделците се на раб на егзистенција. СДСМ мора да си замине. Оваа влада донесе само хаос за земјоделието, се порачува во соопштението.

Најнови вести