Власта се плаши од вистината и не сака да се збори за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница. Денес тие го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС-ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред се поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници. Што сака да сокрие власта? На овој начин неславното трио Заев – Филипче – Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај? – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.